Бесплатните ученички билети нема да важат за време на распустот – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/19 11:20 AM

Бесплатните ученички билети нема да важат за време на распустот

Поради завршувањето на учебната година 2018/2019, бесплатните билети за учениците нема да важат за време на летниот распуст, соопшти денеска ЈСП Скопје.

Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни.

ЈСП Скопје нуди можност основците/средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени да купат месечен билет за јули и август по цена од 600 денари.

За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави книшка на увид.

Бесплатните студенстки билети ќе важат и за време на летото.

ЈСП Скопје информира и дека од понеделник (10.06.2019 година), возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по летен возен ред