Утринава по 7 часот авион „ербас А320-232“ на „Туркиш ерлајнс“ на летот Истанбул – Дубрвник пријавил хидрауличен проблем пред слетувањето во хрватскиот туристички центар. Екипажот авионот го ставил во кружна позиција и се обидел проблемот да го реши за авионот безбедно да слета, јавува „Авиорадар“, а пренесуваат повеќе хрватски медиуми.
Сите служби на аеродромот во Дубровник биле во состојба на готовнсот. По 20-минутно кружење, во 7.50 часот авионот слетал, но со отворени врати на трапот и на багажниот простор. Итните служби немало потреба да интервенираат.