Малолетен моторциклист удрил и тешко повредил шестгодишно дете , вчера во 18 часот во село Морина. Со повреди се здобиле и возачот и сопатникот на моторциклот.
Според информациите од Полицискиот билтен мотоцикл „Лонгија Баутијан“ без регистарски ознаки, управуван од 16 годишно лице од с.Кадино, удрил во шестгодишно дете од населба Илинден. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило шестгодишното дете кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.
Со телесни повреди се здобил возачот и сопатникот на мотоциклот на возраст од 16 години. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.