Во организација на Министерството за локална самоуправа денеска во Штип ќе се одржи првата од трите регионални конференции на тема „Партнерство за забрзана децентрализација, инклузивен и оддржлив развој” .
Конференцијата ќе ја отвори заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески, а ќе говорат и постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан, претставници од Министерството за финансии, од Делегацијата на Европската Унија, како и градоначалници на општините од Источниот, Југоисточниот и од Вардарскиот плански регион.
Конференцијата се одржува во рамките на проектот „Подобрување на општинското управување”, финансиран од Европската Унија, а го имплементира УНДП.
МИА