Нивоата на повеќето реки во земјава се во рамки на просекот за јуни, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Според УХМР, исклучок прават Сатеска кај Ботун која е речиси трипати пониска од просекот и Бабуна кај Богомила која е скоро двојно повисока.
И Црн Дрим кај Ложани бележи пониско ниво од јунскиот просек.
Водостоите на езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, значително не отстапуваат.
МИА