Според последното истражување на „Дојче банк“, кое ги опфаќа животниот стандард, куповната моќ, безбедноста, здравствената нега, домувањето, превозот и загадувањето, на врвот на листата од опфатени 56 светски градови е швајцарски Цирих.
Во првите десет, редоследно, се и: Велингтон (Нов Зеланд), Копенхаген (Данска), Единбург (Велика Британија), Виена (Австрија), Хелсинки (Финска), Мелбурн (Австралија), Бостон (САД), Сан Франциско (САД) и десетти е Сиднеј (Австралија).