Поништен огласот за распределба на социјални станови во Струмица – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/19 4:31 PM

Поништен огласот за распределба на социјални станови во Струмица

Министерството за транспорт и врски го поништи огласот за распределба на социјални станови во зграда во Струмица, во која за 37 станови аплицирале 80 лица.

Според Кире Коцевски, портпарол на Министерството, повеќе од 70 отсто од апликантите имале некомплетна документација.

-Очекуваме набргу да биде распишан нов оглас, но со новиот закон за социјална заштита се утврдени нови критериуми, односно нови категории граѓани ќе можат да аплицираат за социјален стан. Треба да ги усогласиме критерумите со овој закон и во министерството за транспорт и врски се работи на тоа, рече портпаролот Коцевски.

Зградата во Струмица има вкупна површина од 1.800 метри квадратни со 41 станови и ги исполнува сите енергетски стандарди. Четири од становите се поделени преку министерството за труд и социјална политика на најранливи категории граѓани.

Зградата ја изгради Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката-Скопје.