Со растреперан глас и видно вознемирена, на работ на солзи Маја Трпковска, мајката на убиениот 26 годишен Пинета Секондо даде изјава за медиумите, по два часа распит во Обвинителство.
„Сакам да кажам зошто мене никој од прв ден не ми веруваше, кога постојано зборев Ангела, Ангела, испрашајте ја Ангела, таа последна го видела. А таа мене ме пријавува, значи нешто не беше во ред. Немам и не знам кои лоши зборови сакам да ги кажам за Секторот за исчезнати, според мене тие не треба да постојат затоа што не се професионални. Како можеа од Крвни деликти и убиства, за неколку дена се да откријат, и телефоните. Јас уште тогаш им веле да ја проверат локацијата на телефонот, кои броеви се околу телефонот, тоа се се поврзува. А тие од Секторот за исчезнати, шест месеци земаат државна плата и не се способни да работат“, изјави Трпковска.
Распитот бил прекинат со најва да продолжи кога Трпковска ќе добере повторно сила повторно да зборува. Таа бара доживотен затвор за убијците на нејзиниот син.
„Доживотна, и ќе се борам сега за доживотна. Тие сега не смеат да излезат од затвор, затоа човечки ум, посебно на девојка од 22 години да убие свој другар и шест месеци да си спие, да си шета, тоа значи не е човек, тоа е монструм. Среќа што не постои во Македонија, во Европа, смртна казна. Да бевме во Америка таа ќе добиеше смртна казна“, раскажува Трпковска.
Мотивот за убиството се уште не е потврден, а не најден ниту пак автомобилот со кој Секондо излегол од дома таа вечер. Случајот се уште се истражува. Од завчера 22 годишната Ангела Ѓеоргиевска е во притвор поради тоа што дала придонес за кривично дело со што го повикала Пино, била присутна во моментот на неговото убиство и учествувала во пренесуавње и криење на неговото тело. Али Фуркан е првоосомничен кој во моментов е во бегство.