Леопард влегол во куќа на западот на Индија, од креветот извлекол деветмесечно бебе, а потоа го растргнал и убил, јавува „Дејли меил“.
Животното го извлекло деветмесечното машко бебе додека спиело со своите родители, кои во утринските часови забележале дека им го нема детето. Организирале потрага, која го пронашла телото на малечкиот Сварај неколку километри од својата куќа во селото Гадбори.
Ова не е изолиран случај леопард ненадејно да напаѓа жители на Индија. Само оваа година се регистрирани повеќе случаи. Неодамна леопард нападна и уби мајка и дете додека спиеле пред својата куќа, пред тоа леопард влегол во село и во тесните селски улички нападнал и повредил петмина селани, а леопард растргна бебе и минатата година.