18 години од загинувањето на тројцата бранители кај Гајре – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/19 11:18 AM

18 години од загинувањето на тројцата бранители кај Гајре

Битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци, беа тројцата воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, кои во заседа загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре.

Во нивна чест денес пред споменикот „Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник и пред споменикот во касарната посветен на загинатите бранители, цвеќе положија градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници од Советот на Општина Битола, градоначалникот на Општина Новаци, семејствата на загинатите, политичките партии, припадници на АРМ и СВР Битола и други лица.

„Одбележуваме 18 години од згаснувањето на три млади животи за нашата Македонија, за слободата и условите во кое ние денес живееме. Оддавањето помен значи дека мора да се сеќаваме на нив, но и на нивните семејства, на нивните потомци, кои не смееме да ги заборавиме“, рече градоначалничката Петровска.

dav

Во чест на загинатите бранители, во Спортската сала „Боро Чурлевски“ се одржа Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко, Благојче и Пеце 2001“.