Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска во Клубот на пратеници во Скопје, ќе ја одржи петтата сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права – Поглавје 23.
Оваа седница на НKЕУ-МК е посветена на една од клучните точки на кои државата треба да се фокусира во евроинтегративниот процес во однос на Поглавјето 23.
– Работната група 3 уште во претходните сесии се посвети и акумулираше значајни препораки за напредување на реформите во ова важно поглавје од пристапните преговори за Европската Унија, со цел да му помогне на македонското општество преку превенција на корупцијата кај членовите на Парламентот, судиите и обвинителите самостојно да го изоди патот до полноправно членство, посочуваат организаторите.
Освен експертите од НКЕУ-МК, на седницата најавнео е дека ќе учествуваат и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Павол Зилинчик од Канцеларијата на народниот правобранител, како и од Судскиот совет на Република Словачка, кој споделувајќи го своето искуство од овој процес, ќе укаже на виталните преговарачки прашања од Поглавјето 23.
МИА