(ВИДЕО)Борисов го гушна Сталоне и праша: Как си? – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/19 8:00 PM

(ВИДЕО)Борисов го гушна Сталоне и праша: Как си?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во својот кабинет го прими славниот актер Силвестер Сталоне, го почести со кафе и заедно го гледаа промотивното видео за најновото продолжение на филмот „Рамбо“.

Борисов, кој е поранешен телохранител со развиени мускули, го прими Сталоне обраќајќи му се на бугарски јазик со зборовите – „Здрасти, как си“, го гушна и го повика на кафе. Преведувачката му се најде на Борисов и кога член на тимот на Сталоне го потсети премиерот дека ветил дека ќе зборува англиски. На тоа Борисов одговори:„Така – така“ (So- so). Подоцна двајцата си ги мереа силите (мускулите).

72-годишниот Сталоне во Бугарија го снима новото продолжение на „Рамбо“. Освен во Бугарија, филмот ќе се снима и на Канарските Острови и Велика Британија. Првиот дел, режиран од Тед Кочев, (бугарско – канадски филмаџија),  се сними со буџет од 15 милиони долари, а успеа да заработи повеќе од 125 милиони.