Недереченото за патарините стигна до прашањето – ќе има ли нови цени? – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/19 7:41 PM

Недереченото за патарините стигна до прашањето – ќе има ли нови цени?

Дел од вообичаено соопштение од владина седница стигна на раб на контраверза со новинарски толкувања за делот врзан за расправата за новите патарини. Тој дел од соопштението воошто не објаснува за евентуално нови цени, но бидејќи гласи „Одлука за висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат, односно на патарината“, беше пренесено со прашањето, дали тоа ќе имаме нови цени.

А што всушност стоеше во соопштението од владината седница?

-Владата ја разгледа и усвои Информацијата согласно која е донесена Одлука за висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат, односно на патарината.Оваа одлука се донесува заради воведување на наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија -Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе, и Свети Николе -Штип, како и заради можноста за електронска наплата на патарината со електронски безконтактни смарт картици, и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање“, стои во владиното соопштение од седницата.

Владата не се докажа, медиумите тргнаа со шпекулации, а граѓаните со прашалник – ќе има или не нови цени на патарините?! Владата, како што може да се прочита не расправала за цени.  Останува утре портпаролот да ја разјасни загатката.

Инаку, бизнисот со патарини носи добар приход во државната каса. Минатата година Државни патишта наплатија 40,5 милиони евра  од патарина.