Украински хакер обвинет за кражба на 15 милиони долари екстрадиран во САД – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/19 1:14 PM

Украински хакер обвинет за кражба на 15 милиони долари екстрадиран во САД

Украинецот, Андриј Колпаков обвинет за масовен хакерски напад на ресторани, коцкарници и други фирми во 47 држави, е екстрадиран во САД каде ќе се соочи со обвиненијата. Колпаков вчера првпат се појави во сојузниот суд во Сиетл, бидејќи е екстрадиран од Шпанија. Тој не се изјасни за обвиненијата за хакирање, измама и кражба на идентитети.

Неговото сослушување е закажано за 10 јуни.

Колпаков е уапсен минатата година заедно со уште двајца мажи кои се обвинети дека учествувале во групата хакери „ФИН7″.

Според властите, групата украла околу 15 милиони податоци од кредитни и дебитни картички.

ФБИ тврди дека броевите на украдените картички често се продавани во „подземјето на Интернетот”, а потоа криминалците ги користеле за нанесување штета во износ од неколку милиони долари.