Единствена паралелка во полошкиот крај за ученици со оштетен или без вид и други попречености веќе четири години функционира во Основното училиште „Братство Миѓени” во тетовската населба Дреновец.
Тука се одвиваат воннаставни активности. Секој ученик кој има оштетен вид или пак целосно слепило, но и лице со даунов синдром може да дојде со цел да ја зголеми и полесно да ја совлада материјата во воспитно – образованиот процес преку специјалните средства, опрема, машини но и посебна литература за оваа категорија ученици.
Училницата е опремена со проект на американската агенција за меѓународна помош УСАИД. Проектот треба веќе да заврши, но од Општина Тетово уверуваат дека кабинетот ќе продолжи да функционира во рамки на образовната програма на локалната самоуправа. Дефектологот Бакија вели дека самиот проект покажува развој на децата и напредок во совладување на материјалот.
Во моментот, овде на дополнителна настава одат 5 ученици, а од кабинетот очекуваат овој број да се зголеми, затоа што освен чаосви тука е предвидена и медицинска компонента, односно здравствени контроли и прегледи на очите кај децата со цел рано откривање на проблеми.
Тука се предвидува и дополнителната настава односно курсеви за компјутери, англиски јазик и разни советувања.