Италијански политичари се’ уште сонуваат Италија до Сплит – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/19 10:44 AM

Италијански политичари се’ уште сонуваат Италија до Сплит

Дека во италијанската политика делува и политичка струја која би сакала Истра и Далмација да ги види во составот на Италија, не е тајна. На тоа од време на време не’ потсетуваат италијански политичари, како, на пример, претседателот на ЕП, Антонио Тајани, кој неодамна во говор истакна – „Да живеат италијанска Истра и Далмација“, пишуваат хрватски медиуми.

Сонот за италијанските граници, кои со Мусолини ги исцртуваше Анте Павелиќ, живее и кај локални политичари во Италија, како општинскиот советник во Трст од партијата Форца Италија, Лоренцо Гиорги. По повод италијанскиот Ден на Републиката, на својот Фејсбук-профил сподели илустрација на која границата на неговата Италија не завршува помеѓу Трст и Копер, туку, преку Истра, се’ до Сплит. Споделената илустрација ја објави и Иредентистичкото движење на Италија.

Последен пат кога таа идеја беше актуелна, заврши со Првата пролетерска дивизија на улиците на Трст, пренесува риечки „Нови лист“.