Слепи лица во Штип ќе играат фудбалски натпревар – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/19 6:08 PM

Слепи лица во Штип ќе играат фудбалски натпревар

Утре на пладне во  СРЦ Џексон  во Штип, ќе се одигра ревијален фудбалски натпревар за слепи лица, на кој ќе настапат членови на Здруженијата на слепи лица од Македонија.

На натпреварот се очекува да бидат присутни гости од Здруженија на слепи лица од Бугарија.

Натпреварот е во организација на Здружението на слепи лица од Штип, а финансиски поддржан од Националниот сојуз на слепи лица на Македонија.