Приведени се двајца крадци коишто во текот на вчерашниот ден однеле 5 метри оловни табли од кровната конструкција.
Според информациите од полицискиот билтен, во текот на вчерашниот ден во 12.00 часот во полициската станица Штип било пријавено кривично дело „тешка кражба“ извршено од кровната конструкција на уметничката галерија ,,Безистен“ на ул.„Тошо Арсов“ во Штип.
Извршен е увид на местото на настанот од страна на полициски службеници, при што е констатирано дека во времето од 11.00-11.30 часот, дваесетгодишниот Д.И. од с.Нов Караорман, штипско и деветнаесетгодишниот А.М. од Скопје со употреба на сила и подобен предмет демонтирале и одзеле околу 5 метри оловни табли од кровната конструкција на уметничката галерија ,,Безистен“ сопственост на Национална установа ,,Завод и Музеј“, по што побегнале.
По преземени мерки од страна на полициски службеници Д.И. и А.М. се лишени од слобода и приведени во полициската станица Штип, а одземени се и украдените предмети. По целосно документирање на настанот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.