Столтенберг: Реформите се клучни за согласноста на земјите членки на НАТО, посебно во сферата на одбраната, безбедноста и на разузнавачките служби – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/19 1:40 PM

Столтенберг: Реформите се клучни за согласноста на земјите членки на НАТО, посебно во сферата на одбраната, безбедноста и на разузнавачките служби

Договорот од Преспа го одблокира патот, но реформите се клучни за согласноста на земјите членки на НАТО, посебно во сферата на одбраната, безбедноста и на разузнавачките служби, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Треба НАТО да биде сигурен во институциите дека се кредибилни и дека може заедно да работат одбрамбените, безбедносните и разузнавачките служби на другите НАТО земји членки, рече Столтенберг на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање.

„Ние очекуваме и сигурни сме дека ќе продолжите да ги спроведувате во овие области, ова е важно за Северна Македонија, важно е за вашето членство во НАТО но исто така е еден начин на кој што ќе се зацврстат вашите евроатлантски амбиции. Па токму овие реформи се мошне вредни и важни и за вас, но и за вашата евроатлантска интеграција“, изјава Столтеберг.

Отворена дебата, слободни медиуми и новинари кои ќе шират вистина, беше одговорот на Столтенберг на новинарско прашање за лажните вести, во контекст на неодамнешниот состанок во НАТО посветен на хибридната војна.

„Имаме факти, имаме отворена дебата, а за тоа исто така ни се потребни слободни медиуми, потребни ни се новинари кои што ќе ги проверуваат своите извори, новинари кои што ќе имаат различни ставови за иста тема и кои што ќе разгоруваат слободна дебата. Најважното што ние треба ние да го направиме е всушност да се осигураме, дека се придржуваме до демократските вредности врз кои се заснова нашата Алијанса, демократијата, владеењето на правото, индивидуалните слободи и слободни медиуми“, изјави Столтенберг.

Ние ги следиме сите процеси кои НАТО ги почнува, како НАТО земјите членки се подготвуваат и даваат успешни модели , рече премиерот Зоран Заев и најави дека одреден дел на институциите веќе работат „сајбер секјурити“.

“Како идна земја членка на НАТО комплетно ќе бидеме адаптирани со сето она што претставува позитивно искуство на нашите партнери од Алијансата, затоа што сме земја во развој, има поразвиени земји од нас кои имаат одлични искуства ќе ги применуваме, овде ни треба и соработката со медиумската заедница“, изјави Заев.

Столтенберг и честиташе на Власата за како што реќе способноста да надмине сериозни препреки, да обезбеди сериозен напредок на демократијата, слободни и фер избори, дебата и да обезбеди атмосфера во која новинарите ќе можат да поставуваат и тешки прашања.