Коментаторите на „Арена спорт“ доаѓаат заедно со вардарци во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/19 12:54 PM

Коментаторите на „Арена спорт“ доаѓаат заедно со вардарци во Скопје

Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, коментаторите на српска ,,Арена спорт” кои станаа миленици на македонската нација со своето искрено и од срце бодрење на ракометарите на Вардар,пристигнуваат попладнево заедно со ракометарите на Вардар, пишува ,,Фокус”.
Во изјава за весникот, велат дека се пресреќни што на некој начин станале дел од оваа спортска бајка. Околу тоа дека се еден вид на херои, тие скромно тврдат дека дури и им е малку непријатно поради позитивните реакции кои пристигале од нашата земја.
-Не знам што да ви кажам, малку ни е непријатно, од Македонија доаѓаат толку позитивни реакции, за нашиот настап кој беше професионален, но морам да кажам и од срце, инспириран од целата оваа бајка. Играчите се херои, ние само си ја одработивме нашата работа професионално и инспирирано. Си ја сакаме работата, привилегија ни е да го работиме она што го сакаме, работиме професионален ракомет. Ни се случи од првиот ден да ја гледаме на дело оваа екипа на Вардар, едноставно момците кај нас предизвикаа низа на најискрени емоции, и фала му на Бога се се заврши вака. Приказна за години, за децении, векови на македонскиот спорт и историја! Ова беше нестварно, првин како изгледаше, ма привилегија ни беше да работиме!Добивме безброј пораки, барања за пријателство на социјалните мрежи од Македонија, позитивни реакции, што дури ни е непријатно поради толку внимание. Арена спорт ги фаворизира сите клубови од регионот, и со тоа ни беа одврзани рацете да го ставиме Вардар на прво место во тек на целата сезона. А го имаме и фактот дека овие момци поминуваат низ тоа кое што знаеме дека го минуваат, па се праќа порака до модерниот спорт дека се можно, ама баш буквално – ни изјавил Рашковиќ за Фокус.

Извор:Фокус