Шокантни фотографии објавени на социјалните мрежи прикажуваат масовно убивање на китови и на делфини на Фарските Острови. Медиумите наведуваат дека таа „традиција“ трае уште од 1584 година. Ја почнале Викинзите, кои ги убивале китовите и делфините, а нивното месо го користеле за исхрана во текот на целата година.
Во модерното време во оваа активност учествува целата заедница. Се проценува дека во текот на ловот во овој период се убиваат по 800 китови и делфини.
Активисти за заштита на животните неколкупати пишуваат петиции да се прекине со тоа, а се’ поактивни се и социјалните мрежи.