5то издание на Вози право, вози здраво – општествено одговорен настан на Стопанска банка АД – Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/19 10:07 AM

5то издание на Вози право, вози здраво – општествено одговорен настан на Стопанска банка АД – Скопје

Банката го најави 5тото издание на ревијалната трка #ВозиПравоВозиЗдраво со која Стопанска банка промовира чисти форми на транспорт за нашиот град. Трката ќе се одржува на 08.06 сабота со почеток од 17 часот од Порта Македонија и ќе заврши на целта во Градскиот парк со голема забава, вредна лотарија и освежување за учесниците и посетителите. Како и досега, Банката продолжува со донација на урбана опрема за Град Скопје во соработка со градската администрација а во насока на промоција на велосипедизмот и подигнување на квалитетот на животната средина.

Повеќе информации можете да прочитате на следниот линк.