Ракометните шампиони на Европа денеска попладне се враќаат дома. И покрај првичните најави дека ќе има организиран дочек во 23 часот на скопскиот аеродром, сепак има промена на планот. Ракометарите пристигнуваат со лет од Келн во 16.15 часот.
Освен на аеродромот, пречек ќе има и на плоштадот Македонија.