Пингпонгарите на Вардар ја одбранија шампионската титула – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/19 8:44 AM

Пингпонгарите на Вардар ја одбранија шампионската титула

Пингпонгарите на Вардар се старо-нови шампиони, откако викендот ја завршија финалната серија од домашното првенство со 3-1 во победи против Младост Прилеп, објави Македонската информативна агенција.

Тимот на Вардар составен од Станојковски,Апостолоски и Кироски под водство на тренерот Филе Матевски во текот на целата сезона претрпе само два пораза, еден во регуларниот дел од сезоната и еден во полуфиналето на плеј офот.

За вицешампионот Младост во финалните натпревари настапија, Јочкоски, Штаргоски и Милошевиќ (Србија ), предводени од тренерот Зоран Јованоски – Тарзан.