Вардар втор пат ја освои Европската титула – ММС
ММС

Објавено на: 06/2/19 6:47 PM

Вардар втор пат ја освои Европската титула

Вардар за втор пат ја освои титулата во Лигата на шампиони. Во целиот натпревар Вардар против унгарски Веспрем ја имаше предноста, за да на крај конечниот резултат биде 27 – 24.

И покрај беспарицата која владее неколку месеци во редовите на Вардар, сепак ракометарите покажаа дека играат со срце.

Голем поддршка ракометарите имаа од трибините од публиката која беше присутна во Келн, Германија.

Вардар е првиот и единствен машки клуб во Македонија што ја има освоено и ЕХФ лигата на шампионите.