Возач на камион со македонски регистерски таблички почина во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот А3 во Хрватска, пренесува хрватскиот портал „Index.hr“.
Камионот се судрил со автобус од Босна и Херцеговина. Возачот на каминот починал, а од автобусот полесно повредени се 10-15 патници.
Очевидци велат дека ударот бил страшен и дека во автобусот настанала паника.
Преземено од: www.plusinfo.mk