Музика,оро,насмеани лица,традиција преточена во вештите раце на македонската жена и оваа година беа главниот предзнак на манифестацијата ,,Бабина баница 2019“.,во селото Цера , Македонска Каменица.
Во организација на општината и Здружението на пензионери од Македонска Каменица , со техничка поддршка на Културно информативниот центар „Романса” и оваа година на манастирскиот комплекс „Еленец“ во селото Цера во Македонска Каменица се одржа традиционалната манифестација „Бабина Баница 2019“.
Над 5000 посетители, беа дел од овогодишното издание на оваа манифестација, на која што освен од Македонија, присуствуваа и гости од соседна Бугарија.
,,Манифестацијата ја одржува традицијата во подготвување на познатата бабина баница со спецификите на овој крај но е и е убава можност за дружење и градење нови пријателства“,вели градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.
,, Како организатори на ,,Бабината баница“ , здружението на пензионерите продолжува да ја негува традицијата, оставајќи го оваа вредно наследство на идните генерации“,дополни претседателката на Здружението на пензионерите, Јаворка Соколовска.
За најдобро приготвените баници, општината и годинава обезбеди пригодни награди, а за сите присутни беше послужен и традиционалниот манастирски ручек.