Вечерва во 18 часот, ракометниот клуб Вардар ќе има повторно настап во финалето на Лигата на шампионите, но овој пат против Веспрем.Сите љубители на ракометот кои сакаат да навиваат во што поголем број тогаш на градскиот плоштат ќе ја имаат таа можност пред голем видео бим кој го овозможи Град Скопје, а за останатите тв екраните во вашиот дом се секогаш добра опција.
Од спортски извор, Вардар треба да одлучи дали денеска во дресот на црвено црните ќе се појави Игор Карачиќ, но далеку поголеми грижи би требало да има ривалот односно Веспрем, така велат спортските експерти, бидејќи унгарскиот првак според известувачите од оваа земја сигурно ќе настапат без двајцата најискусни ракометари.
Имено, повредата на рамото на капитенот Ласло Наѓ е сериозна и за него не само Ф4 турнирот, туку и кариерата веројатно е завршена. Така, на позицијата десен бек Веспрем ќе го има само Тонесен за финалниот натпревар.
Повредата на ногата на Арпад Штербик исто така не е наивна и шпанскиот репрезенативец нема да настапи во натпреварот во кој влог е европска титула.
Еве само да ве потсетиме како беше на вчерашниот натпревар Вардар -Барселона во драматичните пет минути: