Итните медицински служби ќе добијат нов кадар. Министерството за здравство објави оглас по неколјуте реакции во јавноста за недостаток на овој вид кадар.
Во огласот стои дека се покануваат сите заинтересирани доктори на медицина да се пријават и достават писмо за интерес до Министерството за здравство. Заинтересираните доктори на медицина треба да имаат завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа
Огласот освен за службите од брза помош важат и за здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.
Инаку Тетовската брза помош со години бара поголем број вработувања за да можат да го опслужат целиот регион
Началникот Африм Алиу, вели дека моментално се десет лекари од кои во четири смени дежураат по двајца. Со двајца лекари не можеш да го опслужил целиот регион, ако се земе предвид дека едниот доктор е дежурен и во амбуланта.
Има слуачи кога имаме повеќе од два повици истовремено. Тогаш не можеме да стигнеме навреме, и од граѓаните сме изложени на секакви напади, додаваат од тетовската брза помош.
Зоран Димовски