Сообраќајната полиција вчера фатила 62 возачи кои ја пречекориле во населено место, за што биле соодветни санкционирани.
Полицијата соопшти дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 6:00 до 22:00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи што управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на Град Скопје.
Утврдено е дека 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место, за што се соодветно санкционирани. Откриени се и 46 останати прекршоци, за кои се издадени 21 прекршочен платен налог и 25 мандатни платни налози.