После палмите се отстрануваат и билбордите во Охрид – ММС
ММС

Објавено на: 06/2/19 9:28 AM

После палмите се отстрануваат и билбордите во Охрид

Екипи на охридските јавни претпријатија по налог на локалната власт започнаа со отстранување на билбордите низ градот, како една од забелешките наведени во Извештајот на УНЕСКО.

Отстранувањето на билбордите следува откако неодамна согласно истите забелешки на УНЕСКО беа отстранети и пламите долж крајбрежјето како неавхтон вид растенија за охридското поднебје.

Двете активности се насока на отстранување на забелешките наведени во Извештајот на УНЕСКО што ќе биде презентирана на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што идниот месец ќе се одржи во Баку, Азербејџан.

Градоначалникот на Охрид Кoнстантин Георгиески во изјава пред медиумите неодамна најави дека Локалната самоуправа ќе ги спроведе сите активности што се под нејзина ингеренција. за задржување на статусот на Охрид во УНЕСКО како заштитено подрачје од светска вредност.