Вардар во финале на Лига шампиони – ММС
ММС

Објавено на: 06/1/19 7:31 PM

Вардар во финале на Лига шампиони

Вардар се пласираше во големото финале на завршниот турнир во Лигата на шампиони откако ја победи Барселона со магичен пресврт во второто полувреме. „Црвено-црните“ славеа со 29-27 иако на полувремето имаа негатива од 16-9. Вардар воедно стана и првиот тим во историјата на завршните турнири во Келн што дошол до победа откако на полувреме имал неатива од седум голови.

Даинис Криштопанс одигра фантастичен натпревар и беше најдобар стрелец со 10 голови, Игор Карачиќ постигна пет, четири голови имаше Фереира Мораеш. Дејан Милосављев имаше 15 одбрани на голот на Вардар.

Алеиш Гомез со девет голови беше најефикасен во редовите на Барселона.