Стабилна состојбата кај повредениот од Чаир, двајца биле донесени без знаци на живот – ММС
ММС

Објавено на: 06/1/19 1:30 PM

Стабилна состојбата кај повредениот од Чаир, двајца биле донесени без знаци на живот

Службата за итна медицинска помош, информира дека состојбата на повредениот од Чаир е стабилно, а кај другите двајца е констатирана смрт.

Д-р Марина Сотировска од итната медицинска помош, даде изјава за состојбата со повредениот од трагедијата во Чаир кога две лица загинаа по затрупување на канал, за Телевизија 21. Сотировска вели дека повредениот е во стабилна состојба.

„Повикот беше во 11:05 часот за затрупани работници во канал, со можни смрте случај на еден рботник. Испратена е екипа, пристигна за 5 минути, во исто време повикана пожарна единица за да се копа каналот, икопувањето одеше потешко. На лице место еден од повредените беше во свесна состојба, главата му беше над земјата, другите двајца беа целосно затрупани. Пожарната екипа интервенираше, повредениот беше цело време со кислородна поддршка, додека се ископуваше земјата, нашата екипа го пренесе во болница. Освен мали нагмечувања не се пожали на други повреди. За жал, останатите двајца беа без знаци на живот“, рече Сотировска.

Двајца работници загинале, a еден се повредил при рушење на земја од ископ на канал во близина на зграда на улицата Кемал Сејфула во скопски Чаир. Од противпожарните екипи велат дека несреќата се случила околу 11 часот .