Вреќи со марихуана пронајдени во близина на струшкото село Калишта – ММС
ММС

Објавено на: 06/1/19 11:57 AM

Вреќи со марихуана пронајдени во близина на струшкото село Калишта

Утринава околку три часот по полноќ, полициските службеници од СВР Охрид пронашле 12 вреќи во кои имало 196 пакувања со марихуана во близина на регионалниот пат Подмоље – Радожда, пред струшкото село Калишта, информираат од МВР.

По насоки, добиени од јавен обвинител, марихуаната е предадена за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.