Серија земјотреси со епицентар во Корча, почувствувани во Охрид, Струга и Ресен – ММС
ММС

Објавено на: 06/1/19 9:59 AM

Серија земјотреси со епицентар во Корча, почувствувани во Охрид, Струга и Ресен

Утрово е регистрирана серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 180 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнуваат од епицентралното подрачје Корча.

Најсилниот земјотрес беше во 6 часот и 33 минути со Рихтерова магнитуда 5.0, а беше почувствуван и во југозападниот дел и тоа во Охрид, кој се наоѓа на 70 километри од епицентарот, во Струга и Ресен и околината, земјотресот беше почувствуван со интензитет IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Во западниот дел на Макeдонија земјотресот беше почувствуван со интензитет три степени од истата скала, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.