Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска на симболичен начин ќе го означи почетокот на кампањата „Заедно кон ѕвездите”. Османи заедно со студените од државните универзитети со ново-брендиран автобус ќе се упати во центарот на Скопје кон МК-ЕУ Инфоцентарот.
Кампањата на Секретаријатот за европски прашања започнува во период кога Република Северна Македонија го очекува клучниот исчекор за европскиот напредок – стартот на преговорите.
Како што соопштија од СЕП, на настанот ќе бидат присутни и студентите од државните универзитети, кои напишаа најдобри есеи на конкурсот „Со европско знаење до европската престолнина”, како и нивните ментори. Тие заедно со вицепремиерот, новинарските екипи, и дел од тимот на СЕП, со ново-брендираниот автобус ќе се упатат кон МК-ЕУ Инфо Центарот на централниот плоштад, каде менторите ќе добијат благодарници за нивниот придонес за успех на овој проект.