Зошто путерот е подобар избор од маргаринот? – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/19 4:31 PM

Зошто путерот е подобар избор од маргаринот?

Две намирници кои секојдневно се наоѓаат во употребата на многу домаќинства секако се путер и маргарин, а во последните неколку години актуелна е темата за влијанието кои и двете го имаат на здравјето, па со самото тоа потребно е да се разјасни која од овие две намирници и поради што е подобра за нашиот организам.

Една од најважните разлики помеѓу маргаринот и путерот е потеклото на овие намирници, па така маргаринот настанува со индустрискиот процес на хидрогенизација на растителни масла, додека путерот е млечен производ кој се произведува по природен пат, како и кајмакот и сирењето. Од оваа причина, многу е подобро за себе и своето семејство да послужите путер кој се консумира илјадници години назад.

Покрај тоа, путерот содржи витамини А и Е, како и селен, кој е од големо значење во борбата против габичните инфекции. Важно е да знаете дека некои маргарини се збогатени со витамини, но дека тие подоцна се додаваат во процесот на производство, што е далеку понеповолна ситуација од оние во кои витамините се природно застапени во некои производи, како што е случајот со путерот.

Бидејќи содржи арахидонска киселина, холестерол кој путерот во себе го има е од суштинско значење за развојот на мозокот и нервниот систем на децата, а има и важна улога во функцијата на мозокот. Важна карактеристика на путерот е тоа што многу подобро реагира на високи температури и подобро се однесува при загревање од маргаринот, така да неговата употреба на овој начин никако не се препорачува.

Многу студии кои се спроведени и кои се почесто се повторуваат во Америка, покажуваат дека внесувањето на хидрогенизирани масти кои се присутни во маргаринот, предизвикуваат рак, додека од другата страна путерот кој е богат со линолеинска киселина спречува ваков вид на болести.

Важно е да се знае дека транс мастите и заситените масти не се исто, а денес секој маргарин има барем мала количина на транс масти, кои настануваат така што течното масло целосно се хидрогенизира и со тоа добивате заситени масти, па сето тоа подоцна се меша со рафинирано течно масло, што значи дека маргарините се вештачки направени од заситени масти. Ова сознание нè враќа на почетокот на приказната, односно дека треба да разбереме дека многу поздраво е да се одлучите за природни масти кој путерот во себе ги има.

Извор: denar.mk