Со „чисти“ 3-0 во финалната серија од плејофот во домашното првентсво во женска сениорска конкуренција, кошаркарките на Вардар триумфираа над противничките од Бадел 1862.
Тимот предводен од тренерот Жаклина Стојановска трипати за една седмица славеа над ривалките и тоа со 75:44, 63:83 и 79:65.
За кошаркарките на Вардар ова е премиерна титула во оваа конкуренција.
Славица Наков го доби признанието најкорисен играч (MVP) на финалната серија.
Претходно Вардар го освои и трофејот во Купот на Македонија.
МИА