Не само што објавува нови прислушувани разговори, туку сопственикот на Фејсбук профилот Ел Чека се закананува со објавување на нови 6000 снимки од таканаречените “бомби“.
-Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Беќир Хасани и многу други ќе ја разберат мојата посветеност на ова прашање. Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје.
Или ќе бидат затворени за криминалци или Заеви ќе падне!, пишува Ел Чека на албански јазик.
Квалитетот на овие снимки е различен и е полош од тие што до сега ги објавуваа Зоран Заев, а потоа и од профилот на Илија Громовник. Се забележува дека се снимени од некоја база веројатно со обичен снимач, какви што ги имаме на мобилните телефони, а не се директно преземени со оригиналниот квалитет.
Ел Чека не го крие својот идентитет и веќе има дадено интервјуа за неколку албански медиуми. Во продолжение интервјуто за „Реалитети“, каде вели дека не се плаши од екстрадиција (тој е во Чикаго) и нема да запре со објавување на фондот од 6000 снимки.