Клоп: Ливерпул го победи Тотенхем два пати во шампионатот, но тоа не значи ништо – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/19 8:02 AM

Клоп: Ливерпул го победи Тотенхем два пати во шампионатот, но тоа не значи ништо

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред финалето во Лигата на шампионите против Тотенхем, изјави дека резултатите од натпреварите против „спарс“ во првенството не значат ништо.

– Го респектираме противникот како добар тим со неверојатна историја на игра во Лигата на шампионите оваа сезона. Тоа ќе биде тежок меч. Ги добивме двата натпревара во шампионатот, освоивме повеќе бодови, но сето тоа не се брои овде. Ако се потсетиме на домашниот натпревар, ние брилијантно го одигравме првото полувреме, но не и второто. Да не кажам дека бевме пет нивоа над нив. Сакам така да биде во финалето. Размислуваме за Тотенхем и што можат да направат. Тие ја менуваат тактиката често. Можеби три недели по претходниот натпревар, тие ќе имаат нов пристап во финалето. Кој знае? Ќе видиме. Мораме да бидеме подготвени за овој натпревар, изјави Клоп.

Финалето се игра утревечер од 21 часот на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

МИА