Пендаровски во посета на МО, ГШ на Армијата и на канцелариите за врски и за одбранбена соработка на САД – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/19 6:57 AM

Пендаровски во посета на МО, ГШ на Армијата и на канцелариите за врски и за одбранбена соработка на САД

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ќе го посети Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, каде има средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, генералите во Армијата и високите раководни лица во Министерството.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Пендаровски ќе ја посети и НАТО – Канцеларијата за врски и Канцеларијата за одбранбена соработка на САД.

МИА