Истражувачката новинарска лабораторија го комплетира списокот на сите 39 надворешни советници, кои го советуваат премиерот Зоран Заев. Заедно со редовните сега има вкупно 63 советници. Тоа се две третини од бројката на советници на Никола Груевски, за кој лани владата на СДСМ на јавноста и откри дека за една година потрошил 1,7 милиони евра за 91 советник. Претседателот на владата има постојано вработени државни советници и посебни советници (24) и има право да ангажира неограничен број на надворешни советници. Таквиот советник може да зема еднократен надомест, да биде ангажиран на проект во одреден временски период, но и да биде на списокот на постојани месечни хонорари, пишува ИРЛ.
Ова е комплетниот список на советници со месечните надоместоци, каде има имиња од обласите економија, дипломатија, здравство, регионална политика, социјала, спорт, односи со јавноста, но и чудни имиња, за кои никој во јавноста не објасни како се нашле на овој список:
Повеќе на ИРЛ