Вработен во АД „Македонски пошти“ заработи кривична пријава бидејќи фалсификувал потписи на налози и присвоил пензии во висина од 223.533 денари, соопшти МВР.
Педесет годишниот Ш.Б од село Беловиште, гостиварско, се сомничи дека ја злоупотребил службената положба и овластување, извршил проневера и фалсификувал исправи.
– Во текот на јануари 2019 година пријавениот, како вработен во АД „Македонски пошти“, фалсификувал потписи на 23 налози за исплата на пензии, по што ги присвоил паричните средства наменети за корисниците, со што се стекнал со противправна имотна корист од 223.533 денари, стои во соопштението на МВР.