Там имаше 30 години и почина во резерватот на островот Борнео, таму сега остана сама женката Иман.
Последниот мажјак суматрански носорог во Малезија почина и во иднина животните од овој вид се сериозно загрозени.
Овој вид носорог некогаш бил населен на голем дел во Азија, а сега како и воопшто да ги нема во дивината. Се верува дека во цел свет вкупно има помалку од 100 живи носорози од овој вид.
Носорогот Там почина в резерватот на островот Борнео.
Во Малезија сега останува само една женка и се вика Иман.
По повеќедецениското сечење на шумата и константното ловење, се верува дека се преостанати помеѓу 30 до 40 суматрански носорози.
Там имаше 30 години, а експертите го пронајдоа во 2008 година додека лутал на една фарма.
Ветераните бесуспешно се обидувале да го спарат со женката со цел носорозите да добијат потомство.
Малејзиските власти соопштиле дека причина за смртта на Там најверојатно е староста, но сепак оставаат простор тоа да го потврди обдукцијата.
Кети Дин од организацијата „Save the Rhino International“ вели дека постои шанса да се спаси измумирањето на овој вид носорози.
Подолу од видеото може да погледнете цел докуметарец посветен на Там: