Барем привремено стопиран е трансферот на напаѓачот на Атлетико во Барселона, Антоан Гризман, објави шпанска „Марка“.
Спорни се висината на трансферот која се проценува на 120 милиони евра, а платата на играчот – 17 милиони евра годишно.
Исто така, се шпекулира дека играчите на Барселона се против доаѓањето на францускиот напаѓач.
Минатата сезона Гриеман одигра 48 натпревари за Атлетико, постигна 21 гол и оствари 10 асистенции.
Гризман објави дека сака да го напушти Атлетико. доколку не успее да замине во Барселона, можни идни негови дестинации се ПСЖ и Манчестер јунајтед.
Извор: denar.mk