Хрватски пратеник осум минути молчел на говорница во Хрватскиот Сабор, кога бил предупреден дека во расправата мора да се држи до темата за која се зборува.
Пратеникот Иван Пернер е член на партијата Жив ѕид кој наместо потврдување на договорот помеѓу Хрватска и ЦЕРН, зборувал за резултатите од неделните избори за членови на Европскиот парламент и предупредил на прашањето за легитимитет на актуелната власт, залагајќи се за распишување на предвремени избори.
Претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ го предупредил дека согласно собранискиот Деловник за работа, мора да зборува само за темата која е моментално на дневен ред, на што Пернар возвратил дека ако не му биде дозволено да зборува, тогаш ќе стои на говорницата и ќе молчи и тоа навистина го сторил.