Локалната самоуправа ќе добие нова општинска зграда – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/19 1:40 PM

Локалната самоуправа ќе добие нова општинска зграда

Локалната самоуправа ќе добие нова општинска зграда. Оттаму велат дека работат на проект кој како што посочија, е во рана фаза на изградба и истиот се изработува паралелно со новиот генерален урбанистички план.

 Динамиката на изградбата на новата зграда ќе зависи многу од новиот ГУП, но и донесувањето на Деталниот урбанистички план за град Тетово. Со проектот на новата зграда ќе се внимава да бидат задоволени сите светски и европски стандарди кои внимаваат да бидат прилагодливи на сите категории на граѓани вклучително и лицата со посебни потреби – изјавија од Општина Тетово.

Инаку во зградата каде е сместена Општина Тетово освен кабинетот на градоначалникот и секторите ,се сместени и повеќе државни институции, причина што  за секоја инфраструктурен или друг проблем институциите си ја префлаат одговорноста.

Како пример немањето пристапност за лицата со посебни потреби, а често во минатото имаше прекини во снабдувањето со електрична енергија па за оваа појава со која клинетите немаа можност да завршат работа а вработените работеа во мрак,  никој не преземаше одговорност.

 

Зоран Димовски