Во бродската несреќа во Будимпешта загина 6 годишно дете – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/19 1:02 PM

Во бродската несреќа во Будимпешта загина 6 годишно дете

Крузерот кој се удри во туристички брод кај мостот во Будимпешта, кој потоа се преврте и на крај потона, поред пишувањата на медиумите вчера вечер се враќал во престолнината на Унгарија од Вуковар.

Во неделата на 26 –ти мај во 21 часот и 48 минити испловил од Вуковар, а во Будимпешта пристигнал на 28 –ми мај околу 3 часот наутро, пишува „Јутарњи лист“.

Несреќата во Будимпешта се случила вчеравечер, околу 21 часот и 15 минути кај мостот Маргарита недалеу од Парламентот, каде се судрил со туристички брод за разгледување, на кој имало 33 патници и двајца членови на екипажот кои потонале. Спасени се седум лица, седум се повредени а по останатите 21 лице се трага.

Помеѓу патниците главн биле туристи на возраст од 40 до 50 години, како и едно шестгодишно девојче.

Агенцијата „Викинг“ во чија сопственост е крузерот кој удрил во брод, се смета за водич кога станува збор за речно крстарење. Нивните бродови во Европа, пловат по реките Дунав Рајна, Елба, Мајна, Сена, Рона и други реки.

Луксузниот брод на „Викинг“ – „Sigyn“ има вкупно 95 удобни соби, односно бродска кабина, горна палуба за сончање и лежење, ресторан затаворен со стакло и тераса за ручање, библиотека, бесплатно Wi FI и уште многу други работи кои на патниците им овозможуваат релаксација и незаборавно патување.

Унгарската полиција покренала истрага за несреќата, а Адриан Пал од полициската служба истакнал дека капетаните на двата брода биле исклучиелно професионалци со долгогодишно искуство и повеќегодишна работа  во компаниите во кои се вработени.

Полициските експери во текот на денот ќе го извлечат туристичкиот брод кој потоа вчеравечер во судирот во центар на Будимпешта, соопштил портпаролот на полицијата Кристоф Гал. Тој за државната телевизија M1 изјавил дека подготвителните работи се во тек и дека ќе се објават во неколку фази, пренесува MTI.