Речниот луксузен крузер ,,Викинг Сиѓин“ , предизвика трагедија на мал туристички брод со јужнокорејски туристи. По силниот удар меѓу двата брода, малиот брод се првртел и потонал за кратко време. Во несреќата загинаа 7, а дваесетина туристи се водат како исчезнати.
Унгарската полиција отвори истрага за причините за потонувањето на бродот во Дунав кој превезуваше туристи од Јужна Кореја. Портпаролот на полицијата, Адриан Пал на денешната прес-конференција во Будимпешта изјави дека бродот потонал веднаш по судирот со друг поголем патнички брод покрај еден од мостовите на реката Дунав.
Спасувачки екипи се на местото на несреќата и покрај обилните врнежи од дожд, а Пал истакна дека можеби ќе бидат потребни неколку денови за да се подигне бродот од дното на реката. Седум лица се спасени и хоспитализирани и се наоѓаат во стабилна состојба. Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека туристите не носеле елеци за спасување.