Екс градоначалникот Тони Трајковски стражарно спроведен во Кривичен суд – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/19 10:12 AM

Екс градоначалникот Тони Трајковски стражарно спроведен во Кривичен суд

Стражарно спроведен во Кривичниот суд, односно во придружба на полицијата беше спроведен поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски како обвинет во случајот „ТНТ“. Наредбата за ваквото спроведување на Трајковски ја издал судот, а на ова реагираше адвокат Боро Тасевски.

-Протестирам за примената на репресивни мерки за присилно приведување на Трајковски. Во два наврати писмено, со медицинска документација, го известивме судот за неговата здравствена состојба, рече Тасевски.

Трајковски истакна дека секогаш бил редовен, и додаде дека во наредниот период ќе го информира судот за неговите лекарски третмани кои ќе следуваат.

Тој го уверуваше судот дека навистина имал здравствени проблеми и дека не се обидувал да ја одолговлекува постапката.

На денешното рочиште ќе бидат испрашани неколку сведоци продложени од одбраната.